Блокиран е личниот фејсбук профил на еден од највлијателните фејсбук активисти во Македонија Божидар Божиновски – Моџо Килингтон. Оваа „лоша вест“ силно одекна и брзо се рашири по интернет. И тоа со право. Моџо Килингтон во последно време беше доста активен на социјалните мрежи и секојдневно коментира на објавите на владините претставници, но и на првите луѓе на опозицијата. На првите најчесто им се обраќа се како на големиот водач на Северна Кореја создавајќи алузија на затворено општество и цензура на мислата. Тоа го прави ненаметливо, суптилно и со доза хумор, па затоа неговите проникливи коментари се популарни и се споделуваат.

Прв кој пружи рака и посебна по остриот јазик на Килинготн беше министерот за корупција Љупчо Николовски, кој му забрани да коментира на нефовиот путер-профил. Потоа со слична практика се послужи и Венко Филипче. Коментарите на Килингтон брзо исчезнуваа од статусите на Филипче. Оттука, сосема логично беше неговото исчезнување да се поврзе со неговото дејстввуање кое не  е допадливо на власта.

Самиот Божиновски реагира на пишувањата дека е блокиран.

Дечки не претервајте, не е ни цензура, ни закани, ни полициски разговори едностано умор. Уморен сум да сум немоќен, можам да везам колку сакам ништо нема да сменам. Шо не значи дека ќе ќутам ама сепак треба малку и молк и одмор.
И фб е сосема небитно во животот, има милијарда негде профили, мојот е еден, со него или без исто е.
Поздрав и чувате се, напиша тој.

Дечки не претервајте, не е ни цензура, ни закани, ни полициски разговори едностано умор. Уморен сум да сум немоќен,…

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, 7 April 2021

Сепак, неговиоте следбеници му посакуваат добро здравје и не се убедени дека не се работи за притисок „од горе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.