Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не добил покана да присуствува на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски.

Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.