Ниеден граѓанин на оваа држава не заслужува вака бахати ликови, порача аналитичарот Ивор Мицковски, зборувајќи за заканите за војна доколку нема албански политичар во влада.

Детето на најпрогресивниот и најмудар албански политичар во 2020-та во изборна кампања нема друга понуда освен да збори дека ќе имало војна ако немало Албанци во влада.
Албанци во влада секогаш ќе има и треба да има, зошто има луѓе кои живеат тука, растеле и се реализирале, зошто вредат и се квалитетни.
Ниеден граѓанин на оваа држава не заслужува вака бахати ликови и никој не заслужува ваква навреда по нашиот соживот и заемното почитување од еден политикант, порача Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.