Јас можам да кажам за она што ние како држава го имаме како цел а тоа е што побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ и дека решението за ова прашање треба да се базира на европски вредности, со почит кон достоинството на сите граѓани на двете држави и со взаемна почит меѓу политичарите и институциите во Македонија и Бугарија, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Разговорите треба да ги водиме на тие принципи и јас се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина. Така разговарам со премиерот на Бугарија. Со тон и дух на комуникација којшто соодветствува на двајца премиери и јас таква комуникација на неделно ниво имам со премиерите и претседателите на Србија, Грција, Албанија и со другите во регионот, нагласи премиерот Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.