Во однос на случајот Пендиков, работата на полицијата може да се цени низ истрагата. Ако ни беа нормални односите со Бугарија немаше да се исполитизира случајот. Веднаш беа приведени две лица по инцидентот, по третото лице се трагаше, а сега е пронајдено. Ние постапуваме без оглед на верската и национална припадност на граѓаните. Тоа што некој го злоупотребува ова за политички цели тоа е друго прашање, вели вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Истрагата ги утврдува сите работи. Оваа физичка пресметка е како и секоја друга што се случила. И е расчистена во однос на сторителите кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Се надвор од ова е во рамките на дневнополитичките игри, вели Спасовски.

Тој додава дека од бугарска страна ова е искористено за кревање на тензиите што е сосема непотребно затоа што државните органи во Македонија постапија соодветно.

Нашите безбедносни служби прават проценки за безбедноста на граѓаните и државата. Тоа не може да го прави никој однадвор, вели Спасовски во однос на проблемот што го кренаа бугарски националисти на граничниот премин по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Спасовски додава дека е сосема јасно од јавно изречените најави дека имаше обид да се направат инциденти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.