Родителите ниту денеска не ги однесоа децата во училиште, и покрај повикот на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, тоа да го сторат. Шаќири и на директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, им порача да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование.

Сепак, како и претходните денови, училиштата останаа празни, дознавме од неколку наставнички и директорки на училишта.

За жал, ниту едно дете не дојде на настава. Сите наставници штрајкуваат, што значи дека се наоѓаме во генерален штрајк, рече Наталија Делева, директорка на ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во изјава за „Слободен печат“.

За разлика од нив, вработените во градинките го прекинаа штрајкот и повторно згрижуваат деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.