На социјалните мрежи се споделуваат слики од страшните услови, односно рушевини од тоалети во Основното училиште „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

Постот го пренесуваме во целост:

Уште што ли треба да се случи за конечно власта да почне да се грижи за најзначајната категорија во оваа земја – учениците?!

Во сезоната на појавување на вируси и инфекции, наставниците и учениците од ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода!

Зарем за основните животни потреби граѓаните треба да чекаат да се најават избори, па некој да се сети дека постојат и да изглуми дека се грижи за нив?!

И затоа што „Зборот е збор“, наставниците и вработените беа оставени на немилоста на власта и наместо да се фокусираат на наставата и да се натпреваруваат во знаења, тие се осудени во секој момент да внимаваат да не им се налепи некоја бактерија или недај беже, посериозна болест!

Овој ли е тој ваш успешен европски модел за квалитетно државно образование?

Ете затоа заминуваат младите!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.