Македонската власт во континуитет не гради институции, туку разградува, вели во интервјуто за Дојче веле поранешниот лидер на СКМ-ПДП, поранешен министер за финансии и ексгувернер на Народна банка на Македонија, Петар Гошев.

Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама, вели Гошев.

Тој прогнозира, како и премиерот Димитар Ковачевски, дека нѐ чека тешка зима.

Дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Гошев.

Бившиот лидер на СКМ-ПДП, а потоа и на Демократската партија вели дека Македонија нема плурализам:

Немаме плурализам, туку конкуренција на олигархии. Со вадење пиштоли на маса, со разни закани за одмазда, се изнудуваат привилегии – чиниш ја живееме добата на најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото, оценува Гошев.

Целото интервју во Дојче веле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.