Независниот полициски синдикат за 10 дена повторно ќе излезе на протест на улиците во главниот град Скопје. Овој пат демонстрантите на 16 ноември ќе чекорат по неколку улица и со мирен марш ќе го искажат револтот и барањата, за, како што велат, правото на достоинство на полицијата. Под мотото „И јас имам право на достоинство”, на протестен марш групата ќе се собере кај трговскиот центар „Мавровка”, од тука ќе маршираат кон „Веро”, потоа кон Собранието, па Министерството за правда и на крајот маршот ќе заврши на адреса на Владата.

Повикот за мирниот марш е објавен и на социјалните мрежи, а се повикуваат вработените во полицијата, шумската, затворската и судската полиција.

Пред нас е историски момент за втор пат во полицијата да се искажува ваков револт и ваков вид на протест и да го дадеме нашиот придонес во остварување на правата за достоинствен живот на полицијата. Со Вашето присуство и дадена подршка ќе бидеме на чекор пред остварувањето на нашите и Ваши барања за подобри услови за живот и работа”, се вели во повикот за протестниот марш на социјалните мрежи.

Барањара од Полицискиот синдикат се признавање на НСП како перпезентативен синдикат во МВР, нов колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови и права за подобар живот, владеење на правото во МВР, запирање на пресметката со синдикалните претставници на НСП, покачување на платите за 25% во полицијата, шумската, затворската и судската полиција”.

Излези и кажи доста е од просечни плати во полицијата, од стари и крпени униформи купени од пазар, од понижувачки и мизерни услови за работа, од пазарење со работничките права зад затворени врати, од секојдневна пресметка со неистомисленици и професионалци, секојдневни незаконски прераспоредувања, од давање лажни слики во Министерствата дека тече „мед и млеко”, од важење на Колективен договор кој веќе две и пол години е истечен”, велат од Независниот полициски синдикат.

Од таму порачуваат да не се подлегнува на притисоци, туку без двоумење да се излезе за достоинство на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.