Во Македонија има 659 лица, кои и натаму се невидли за државата. Без датум на раѓање и единствен матичен број, без здравствено осигурување, без право на глас, без можност за вработување, неможност да отворат трансакциска сметка в банка – ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родени.

Посебниот извештај на Народниот правобранител за состојбата со неевидентираните деца во матичните книги на родени по примената на Законот, покажуваат дека од вкупниот број на неевидентирани лица – 70 проценти сè уште немаат поднесено Барање за упис.

Според Народниот правобранител државата преку институциите, треба целосно да ја преземе одговорноста за деценискиот проблем.

Пред само неколку дена јавноста ја потресе веста за смртта на матурантот Тони Сали – кој почина без да добие матичен број. Досега во земјава се регистрирани неколку вакви случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.