Како што се очекуваше, Кривичниот суд Скопје донесе драконски казни за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Шеснаесет од седумаесетте обвинетите во настаните од се осудени, а вкупната затворска казна изнесува 211 години. Ослободен од обвинение за тероризам е само оперскиот пејач Игор Дурловски.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

Со ова само се потврдија стравовите кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги сподели два дена пред изрекувањето на пресудите за „27 април“ и два дена по лидерската средба Заев – Мицкоски, кога беше приведен е поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков.

Пресметката со политичките неистомисленици продолжува. Пред да биде објавена пресудата „27 април“ МВР издава наредба да биде приведен Митко Чавков, на истиот начин, полумафијашки, со измислена службена белешка, како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Измислена службена белешка, измислена куќа во една наша соседна држава, што демантира семејството на Чавков, рече тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во првиот дневник на Сител.

Она што е суштински лошо, смета Мицкоски, е што некој однапред ја знае пресудата, а од друга страна мафијашкиот пристап кога се следи лицето кое треба да биде егзекутирано, се апси, се приведува, а основа за сето тоа е симптоматична службена белешка.

Дополнително на ова се додава и целата исполитизираност на судскиот случај. Заради политички потреби беа амнестирани дел од обвинетите, кои на почетокот изнесуваа 33 лица. Но премиерот Зоран Заев реши дека е потребно помирување на денот кога во собранието му фалеа гласови за да се спроведат уставните измени со кои се промени и уставното име на нашата земја.

Па така дел од обвинетите кои се теретеа за отворање на вратите од Собранието за толпата да влезе се на слобода, а останатите заглавија во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.