Поранешниот гувернер на Македонија, Петар Гошев упати остри критики кон владата поради укинувањето на прогресивниот данок, нарекувајќи ја нестабилна и несериозна.

Владата имала доблес да се корегира и да признае грешка, вакви мерки се транспаренти кои велат „со нас нема стабилни политики, нема здрави калкулации на компании и на инвеститори. Може преку ноќ било која мерка да се донесе спротивна на било која.“ Како опозоција 11 години тврдеа дека рамниот данок не е добар, а сега го враќаат. Со крвопролевање дојдоа на власт, во тие 11 години тврдеа дека нееднаквоста се шири до невидени размери и конечно кога се направи симболична мерка, тие ја повлекоа, вели Гошев за „Локално“.

Тој ѝ се обрати на совентичката од министерството за финансии, Ивана Станковиќ велејќи ѝ дека се наоѓаат во тешка ситуација во однос на враќање на рамниот данок и дека објаснуваат нешто што не го размислувале, туку им е кажано така да направат.

Не сте размислувале со министерката дали вака треба да биде даночниот систем, се гледа дека одлуката доаѓа од друго место. Навредлива неправда е некој да бара концепт на оданочување во еднаков обем или иста пропорција со граѓаните, вели Гошев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.