Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексанар Николовски по денешното рочиште на судењето во Основниот суд Скопје два, нагласи оти е непријатно изненаден што братот на премиерот Зоран Заев, Вице, повторно не се појави на рочиште ако се знае дека тој ја иницирал тужбата за клевета. Николовски нагласи дека Заев бегал и оти во судот се појавил само еднаш кога морало.

Сакам да се повикам на изјавата на Зоран Заев кој рече дека доколку тој се прашувал тужбата требало да биде повлечена па имам дилема дали браќава не комуницираат, што мислам дека е надвор од умот, или повторно се дволични како и досега, изјави Николоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.