Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски, кој обелодени дека тројца функционери на ДУИ, министерот за образование Арбр Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули, противзаконски се стекнале со повисоки наставно–научни звања, утрово добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место советник-државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во воспитно-образовни институции во Скопски плански регион.

Тој обвинува дека станува збор за одмазда и дека наместо надлежните институции да постапат по неговите наоѓања, тие се пресметуваат со него. Го обвини и премиерот Заев дека ги штити функционерите.

Илиевски повеќе не е виш инспектор за високо образование откако Комисијата за водење дисциплинска постапка за дисциплински престап во Државниот просветен инспекторат предложи, а директорот Томе Спировски донесе решение за распоредување и определување плата на државен службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.