Денес МК влегува во зона во која на секои 33 луѓе еден бил позитивен! … Непријатна математика … – ова е македонската статистика по број на жители и број на заболени лица од Ковид 19.

Според вчерашната статистика вупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.

Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче, убедува дека се е под контрола. Според него пикот поминал на 17 ноември. Граѓаните разочарани.

Одозгора на тога, што би рекол ЗЗ ја претеравте работата. Да почине млад човек на 31 година и уште други 40 луѓе и никој око да не му трепнува за тоа, стварно е за секаква осуда. – стои во еден коментар на фејсбук страницата на Венко Филипче.

Во друг коментар пак стои:

Министре, нели пикот ќе беше 2 000 заболени. Нели 6-7 месеци се спремавте за вториот бран. Нели брзавте со изборите за да го пречекате вториот бран подготвени и на сето тоа погледнете го резултатот и вашата подготвеност. И што е уште почудно вие се уште сте министер. Досега требаше пет пати да си поднесете оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.