Преку видео во кое се сумирани двете години на владеење во локалната власт на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика дека на целиот овој трул систем ќе стави крај.

Додека непотизмот на СДСМ царува во општините и се вработуваат роднини на луѓето од власта, способните луѓе се дискриминирани и принудени да се иселат од земјата. И сето ова додека градоначалниците немаат проекти, а апатијата се зголемува. На ова и на целиот трул систем ќе ставиме крај, нашата заедничка цел е Обнова на Македонија, посочи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.