Зборувајќи за вработувањата по епитичка припадност и најавените субвенции за компаниите кои ќе вработуваат малцинства, министерот за финансии Фатмир Бесими го спореди ова со „Гугл“, во чија компанија извршен директор е Индиец. На апсурноста на неговата изјава имаше доста реакции, а пратеникот Антонио Милошоски, пак, го потсети Бесими како сегашната власт се однесува кон професионалците.

Проф.Др. Омер Џемали, Албанец роден во МК, дојде во Македонија и 2015 ја формираше државна кардиохирургија, но изгледа не беше подобен за актуелната власт и сега во контекст на паушалните примери за Google, Др Џемали е директор на кардиохирургија во Цирих, му порача Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.