Лидерот на преговарачкиот тим за Законот за јавно обвинитeлcтво на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиновски ја потенцираше потребата од формирање на Анкетна комисија која ќе ја истражи досегашната работа на Специјалното јавно обвинитeлcтво. Тој посочи дека по последните случувања околу СЈО формирањето на ваква комисија е клучно за информирање на пошироката јавност.

Менкиновски ја обвини власта за неcериозен пристап кон решавањето на темата Закон за јавно обвинитeлcтво уште од самиот старт.

СДСМ немаа сериозен пристап кон решавање на темата Закон за јавно обвинитeлcтво, бидејќи ние цело време говориме за Закон за јавно обвинитeлcтво каде што ќе се инкopпорира СЈО. Во врска со анкетната комисија, пред почетокот на преговорите ние предложивме принципи како насоки со кои ќе се водат преговорите. Во тие принципи беше побарано и анкетна комисија која ќе се состави, да се почитуваат принципите на меѓународното право, основните човекови права како би можело да се влезе во едни преговори за носење на добар и квалитетен Закон за јавно обвинитeлcтво, вели Менкиновски.

После овие настани Анкетна комисија е многу потребна. Потребна не е само за парламентот, потребна е за пошироката јавност. Анкетната комисија не бара увид во предметите бара да го види работењето на СЈО, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.