Министерот за надворешни работи Бујар Османи директно од Париз со авион отпатувал во Софија каде во текот на денот ќе има средба со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева, објави ТВ21.

На состанокот ќе се разговара за Акцискиот план помеѓу двете држави, а премиерот Зоран Заев минатата недела најави дека двајцата дипломати треба да го договорат и терминот за меѓувладината конференција.

Како што е познато двете држави во насока на решавање на проблемите изготвија Акциски план, но содржината и натаму е непозната за пошироката јавност

Повеќе информации за разговорите и идните чекори се очекуваат по враќањето на министерот во Скопје, izjavil владиниопт портпарол Душко Арсовски за TВ 21.

Тој посочи дека кохерентноста на двата документи во еден Акциски план е во завршна фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.