Универзитетскиот професор и член на Советот за безбедност на шефот на државата, Ненад Марковиќ, во гостување во „360 степени“ вели дека поголеми се шансите за решение со Бугарија за време на втората половина од следната година, отколку да се најде компромис до декември или до пред одржувањето на изборите во Бугарија закажани за март 2021 година.

Не сум оптимист дека до декември може да се реши, би рекол еден 60 годишен спор. Што се однесува до самата наредна година мислам дека пред март нема ништо да се случи. Мислам дека Бугарија некако се урови во своите позиции, изгради прилично длабоки ровови од кои сега многу тешко се излегува. Повеќе би дал шанса за време на словенечкото претседателство со ЕУ да се реши овој проблем, отколку за време на португалското. Мислам ќе има доволно време да се постигнат компромисни решенија доколку Бугарија минимално отстапи од овие радикални позиции со кои се постави“, рече Марковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.