Голем дел од медицинската фела не се согласува со наглото укинување на полицискиот час и отворањето на рестораните во услови кога од први мај досега постојано имаме по 20-тина новодијагностицирани случаи на Ковид-19, пренесува „Сител“ додавајќи дека кај лекарите владее разочараност од одлуките за драстичното намалување на рестриктивните мерки и страв од тоа што следува.

Дека укинувањето може да ни се врати како бумеранг смета и доктор Ненад Лазаров кој секојдневно е активен на социјалните мрежи со постови за корона вирусот. Вели дека одлуката на Владата е избрзана и непотребна и во сето тоа гледа политичка позадина.

Не ми претставува толку проблем укинувањето на полицискиот час колку што ми е што се форсираат од политички потреби избори, што за мене е апсурд. Како прво ние немаме направено скрининг на здравствениот кадар за да знаеме каква е состојбата во тој дел. Исто така ме загрижува и менталитетот и здравствената култура на нашиот народ дали е соодветен на нивото што го очекуваме. Ме плаши што секојдневно имаме по 20 тина новозаболени, вели др. Лазаров за „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.