„Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“?, прашува професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска Давкова.

„Боите на Македонија се оние што доминираат на бабините скутници, веленца, килими, миленца, шамии, чорапи, елеци, фанели: црвената, црната и жолтата. Боите на македонската слобода и независност се оние што се најприсутни на македонските знамиња за време на Кресненското и Илинденското востание, во Крушевската република, во НОБ, на АСНОМ – 1944, оние утврдени со уставите од 1946, 1963, 1974, она од 1991: црвената и жолтата.

Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“? Неморално е да ја „ фарбате“ историјата, а и нас на денот на независноста, особено пред очите на оние кои на 8-ми септември 1991 година биле на бината на плоштадот „Македонија “, или пред неа, со развиени знамиња во боите на слободата и независноста!“, напиша професорката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.