Мирјана Најчевска се помалку се согласува со изборот на кадри на Зоран Заев.

Вечерва во нејзиното око раската е новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров и неговата изјава дека немањето искуство во политиката го смета за свој најголем адут.

Од друга страна, претседателот на СДСМ Зоран Заев го претстави со многу пофални зборови, како нова сила која ќе придонесе за напредок на партијата.

Коста Петров е нов меѓу нашите редови, а преку него ја испраќаме пораката на препознавање на млад човек, којшто е поканет, денеска е заведен во Централниот одбор и истовремено избран за потпретседател. Со сериозно образование, човек докажан, еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори и да се успее во нашата земја. даваме анса да се вгради во највисоките политички структури и со својот бекграунд во делот на менаџментот и маркетингот да го помогне СДСМ, зашто веруваме дека партиите ги променуваме ако станеме отворени и продолжиме да бидеме отворени за квалитетни луѓе од надвор, рече Заев фалејќи го Коста Петров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.