Поранешниот министер, Спиро Ристовски бара да му се укине притворот и да се брани од слобода или притворот наместо во Шутка да му се замени со куќен притвор. Ристовски е еден од осомничените за организацијата на упадот во Собранието на 27. април.

Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Макеоднија. А во однос на тоа дека би влијаел на сведоци, известен сум дека истрагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност, изјави Ристовски за Телма.

Одлуката на Апелација по барањето на Ристовски ќе се знае деновиве.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.