Утрово со неверување ја примив веста дека синоќа на Инфективната клиника во Скопје починал Игор Ангеловски – Гиле. Тој беше вработен во Министерството за внатрешни работи и за време на техничката Влада од моја страна беше назначен за Началник на Секторот за внатрешни работи во Велес, стои во Фејсбук статусот на поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Игор беше исклучително храбро и силно момче, спортист и полициски службеник во вистинска смисла на зборот. Позади себе ја имаше поминато речиси цела хиерарска поставеност во полицијата. Беше чесен и одговорен човек кој ја сакаше својата работа и со целото свое срце беше посветен на работните обврски во Министерството за внатрешни работи.
МВР изгуби голем професионалец, сите ние кои го познававме изгубивме вистински пријател, а неговото семејство го изгуби столбот, тој беше сопруг и татко на две деца.
Нема зборови со кои може да се долови тагата и болката од прераната загуба на младиот живот.
Почивај во мир Игор!, пишува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.