Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи. Тие до крајот на учебната година, наставата ќе ја следат онлајн.

Ова го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испот за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Како што кажа Адеми, на овој начин матурантите ќе избегнат стрес и ќе се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни, а списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.