За последната средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, професорот Светлозар Елдаров истакнал дека членовите во комисијата од македонска страна постојано ја бранат „позицијата на македонизмот“. Според него вчерашната средба во Софија за историските и образовните прашања меѓу претставниците на Бугарија и на Македонја завршила без договор за клучни прашања.

Според најавите, на оваа средба требаше да се зборува за Гоце Делчев и да се најде формула дали е тој Македонец или Бугарин, но има на маса и други спорни прашања, како и чувствителни теми за двата соседни народи.

Проф. Елдаров изрази сомневање дека ќе има нова средба на Заедничката ескпертска комисија во октомври во Скопје.

На 11 Октомври е нивниот национален празник, денот на народното востание, кое е востание против Бугарите, бугарското воено-админситративно управување во Македонија за време на Втората светска војна во 1941 година. На 23 октомври, исто така имаат национален празник – Денот на македонската револуционерна борба, односно основањето на бугарскиот македонски-одрински револуционерен комитет, а подоцна Внатрешната македонска револуционерна организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.