Премиерот во заминување Зоран Заев не се сеќава кога точно го пријавил случајот „Рекет“, а во меѓувреме домот на еден од обвинетите Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13 функционирал како оперативен штаб на СДСМ.

За тоа вчера сведочеше и помошничката во домот на Боки 13, која изјави дека во неговиот стан доаѓале градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, потоа министрите Радмила Шекеринска и Венко Филипче, како и пратеникот Александар Кирацовски.

Доаѓаше и Венко Филипче, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев, Александар Кирацовски. Куќата имаше безбедносен видео надзо, изјави на суд вчера Колевска.

Сите тие го гледале луксузот во кој што живее Боки 13 и милионите со кои се расфрла и знаеле дека тие не се законски и чесно заработени. Затоа Димитров го криел криминалот пријавен од странски дипломати, а Заев не може да се сети и да докаже кога пријавил. Затоа Спасовски комуницирал со рекетарите наместо да ги апси, а Боки 13 бил предупредуван да не контактира со жртвите на рекетот кои се охрабрувале да го пријават криминалот на политичко-медиумско-обвинителскиот октопод. Затоа е јасно дека сите од прв до после де лажат за своите контакти и соработка со Боки 13.

„Илинденска бб“ е адресата на која што завршува содржината на фамозната торба „Луј Витон”, која стана олицетворение за криминалот и корупцијата на Зоран Заев и неговата криминална банда, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, на целата држава и е јасно дека двапати амнестираниот криминалец не можеше да се воздржи да не биде дел од уште една мулти-милионска криминална измама. Тоа е начинот на кој што функционира Зоран Заев. Тоа е неговиот модус операнди, закани, уцени, притисоци, рекет, мито, поткуп и корупција.

Премиерот во заминување не знаел дека во „Рекет“ била вмешана Катица Јанева, бидејќи на материјалите кои му ги презентирал бизнисменот Орце Камчев, се гледа само Боки 13.

Но, начинот на кој раководеше со општина Струмица е начинот на кој што тој раководи со Владата на Република Македонија. За само 3 години криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев изрекетира повеќе од 20 милиони евра. Како што бараше 1 евро за Вицето, сега бара милиони евра од политичари и бизнисмени. Цела Влада знаела за рекетот. Сведок во процесот информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, а известен бил и Димитров за рекетирањето од страна на партнерите на Заев.

Димитров наместо да застане на страна на правдата тој не го пријави случајот во обвинителството и не ги известил надлежните органи. Димитров треба да е свесен дека самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да ја најдат причината за ваквата постапка, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ порача дека партијата нема на прес-конференции да емитува снимени разговори.

Но, сето она кое го поседуваме ќе го доставиме до МВР, до органите на прогонот каде што ќе има доверба, па тие натаму нека си процесуираат“, истакна лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за МРТ.

Потпетседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски смета дека премиерот во заминување не го пријавил „Рекет“ зашто самиот тој е на врвот на пирамидата.

Одговорност мора да има, и политичка и кривична за криминалот и корупцијата, тоа ќе се случи само кога правосудниот систем во Македонија ќе се ослободи од стегите на власта. Тогаш ќе одговараат оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.