Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, во изјава за ТВ 24 порачува дека Алтернатива не влегла во Владата заради власт, туку заради исполнување на стратешките цели евроинтеграциите и ревизија на, како што вели, монтираните судски случаи.

Според неговата изјава, доколку нема конкретна реализација на тие цели, тогаш нема поента Алтернатива да остане во Владата.

Во случај да имаме изјава од ЕУ дека нема да има воопшто почеток на преговори без договор со Бугарија, верувајте дека таа одлука треба да се преиспитува во органите на партијата. Во најкраток рок треба да побараме од ЕУ да направи комисија во име на ЕУ или на одредени држави во кои демократијата е на чело, да дојде и да ги преиспита сите можни монтирани случаи. Ако и тоа не се случи, верувајте, апсолутно нема никаква потреба, јас лично, а верувам и органите на Алтернатива, да бидат дел од власта – изјави Реџепи за ТВ 24.

Гаши, сепак, посочува дека ставовите на Реџепи не се партиски.

Од Алтернатива за ТВ 24 посочуваат дека остануваат на своите принципи поради кои се договорија со СДСМ и велат дека се оптимисти за отпочнување на преговорите со ЕУ до крајот на јануари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.