Покрај проблемите со издавање на пасоши, деновиве граѓаните се среќаваат и со хаос во Управата за водење на матични книги. Поради реновирање на објектот во моментов работи само еден шалтер кој се наоѓа во ходникот на кој чекаат безброј граѓани за упис на новороденчиња, склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак со странски државјани, извод од матична книга на родени/умрени, признавање на татковство, како и издавање на уверение за слободна брачна состојба.

Револтирани и нервозни граѓаните се жалат од безредието и  дека чекаат со денови и месеци за да добијат било каков потребен документ. Но и кога ќе го добијат документот, сведоштвата на граѓаните говорат дека најверојатно е дека ќе има некоја грешка во изводот, умреницата или пак венчаница. Се пожалија на неажурните службеници, велат – освен што се бавни, се и многу неуслужливи. Но ова не е се. Остануваат вчудоневидени кога ќе видат оти имаат во графата за државјанство имаат коси црти. „Зарем ние сме коси црти?!“ реагираат.

Револтираните граѓани велат дека во државава буквално ништо не функционира.

Нема пасоши, нема лични карти, треба да чекаш со часови за да добиеш извод од матичната книга на родени…ова е хаос, вели еден од граѓаните кој денеска се уште чекаат ред за да добијат извод. Инаку за потсетување на јавноста Управата за водење на матични книги минатата година исто така се реновираше и имаше вистински хаос, па оттука се поставува и прашањето зошто повторно по само една година се реновира истиот овој објект?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.