Ако бојкотот на референдумот имаше логика, мислам дека бојкотот на претседателските избори нема логика, порача од говорницата во Ресен Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија подржана од ВМРО ДПМНЕ.

Само ако сте внатре можете да ги менувате нештата, само ако сте внатре можете да градите стратегија, само ако сте внатре може при секоја средба со било кој претставник на ЕУ, на НАТО, на амбасадите да им ја предочите македонската болка, да има кажете дека не може некое решение како ова за Северна Македонија туку така да помине, дека е тоа неприродно, дека не навредува дека не може да стане дел од нас, дека ни ги навредува умот и срцата дека понекогаш е од далеку од здравиот разум само така може да се реши. Ве молам да излезете на овие избори. Зошто? За да ги делигитимираме, за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади, за да можеме да предизвикаме заради добриот тест демократски нови парламентарни избори на кои што ќе дојде веќе подготвената нова власт, рече Силјановска Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.