Сопругот на пратеничката Мира Стојчевска пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево, дознава „Плусинфо“.

Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при основањето на шумската полиција. Сега имам добиено само овластување за командир оти претходниот командир даде оставка на функцијата, вели Стојчевски за „Плусинфо“.

Пред два дена братот на Стојчевска е вработен во РЕК Битола, а истовремено нејзиниот син Виктор Стојчевски е вработен во ЕЛЕМ.

Пратеничката и за двете вработувања изјави дека не знаела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.