Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во Битола, каде што се сретна со претставниците на Стопанската комора во Битола и со нив разговараше за тоа како тие ја гледаат реалноста, не онаа реалност којашто се сервира преку Илинденска број 2, Зоран Заев и СДСМ.

Луѓето го кажаа своето мислење, дека тешко се работи дека од ветената помош буквално нема ништо, никаков ефект, мака мачат од први до први да обезбедат плата за вработените и да ги задржат вработените, да го задржат својот бизнис. Тоа се луѓе коишто го граделе својот бизнис неколку децении, разочарани се од неефикасноста на администрацијата од локалната самоуправа. Генерално ги презентираа своите гледишта околу тоа како треба да се развива Битола, и дадоа свои коментари и совети за централната власт, односно Владата со какво внимание и со кое внимание треба да се посвети на Битола и околината на Битола. И генерално за Пелагонискиот регион проблем останува високото ниво на криминал и корупција она коешто го нотираат и меѓународните институции како што е Транспаренси интернешнл, изјави Мицкоски по средбата.

Тој кажа дека отвориле дискусија околу инфраструктурните проекти кои би требало да најдат место во програмата за локалните избори со којашто ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе овде во Битола. Пред се тука се мисли на патиштата, поврзувањето помеѓу определени делови на градот, достоинствено поврзување со водовод и канализација, помагање на локалната економија итн.

Генерално плоден состанок, учиме од бизнис заедницата, учиме од граѓаните, сакаме навистина како и секогаш да излеземе со квалитетна програма пред граѓаните, како и програма којашто ќе ја реализираме. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, таква била изминативе 30-тина години, така ќе продолжи и да се однесува и во иднина, очекуваме победа овде во Битола и продолжуваме денеска на состаноци со битолчани, рече Мицкоски по средата во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.