Пропадна уште едно предизборно ветување на премиерот Зоран Заев. Иако тој ветуваше дека за следните избори ќе има една изборна единица со цел и на помалите партии да им се даде можност да бидат застапени во Собранието тоа нема да се случи. Ова стана јасно откако пред неколку дена владата даде негативно мислење за овој предлог на помалите партнери.

Јасно е дека ова беше уште една лага на Заев со цел да ги придобие помалите  партнери да останат во коалција со СДСМ и да не одат самостојно на изборите со што гласовите би биле раштркани и изгубени.

Заев гореше дека поддржуваат една изборна единица иако биле свесни дека така ќе изгубат по некое пратеничко место.

Чудно е што по оваа “корпа“ од владата се особено мирни помалите партнери на Заев, посебно ДОМ и Демократски сојуз кои и онака служат како гласачка машина и обезбедување на кворум во параментот.

Виси и најавата на Заев за отворени листи за советници за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ даде согласност за овој предлог но измените треба да се изгласаат од пратениците, а згора на тоа е потребно двотретинско мнозинство.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.