Од владата преку соопштение попладнево информираат дека техничкиот премиер Оливер Спасовски и министрите кои на изборите на 15 јули беа избрани за пратеници „ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието“.

Од Владата ја демантираат претпоставката на Државната комисија за спречување на корупцијата дека техничкиот премиер и министрите ќе добиваат плата и како пратеници и како владини функционери.

Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието, соопштуваат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.