И по седум часа преговори, лидерската средба заврши без договор. Позициите на власта и на опозоцијата останаа непридвижени по седумчасовното вртење во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор туку спас на обвинителката Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев грчевито се бори да го задржи влијанието врз обвинителството инсистирајќи на чело на новото обвинителство за органзиран криминал и висока корупција да застане досегашната шефица на Обвинителството за органзииран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Опозицијата предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е на став дека изборот на Заев Рускоска да биде на чело на обвиниетлството значи само едно – директно влијание во обвинителството за спас од одговорност за криминало на власт. Доколу Рускоска остане на чело на новото обвинителство, тоа би значело амнестија за „Рекет“ и за низа други скандали поврзани со власта.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017, односно по истекот на рокот на СЈО да покренува нови постапки.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, што за власта претставува барање можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Од СДСМ велат дека државата конечно изградила независен судски систем кој функционира непречено, кој не може да биде спречен од која било политичка партија. Власта апелира за одговорно и државничко однесување на сите политички чинители вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ.

Единствено за што се согласиле двете страни е констатацијата дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.