Нема продолжено породилно отсуство за родилките кои се породија во текот на изминатата година. Мајките ќе мора да се вратат на своите работни места по завршувањето на породилното отсуство и покрај нивното инсистирање, велат од Владата.

Од Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика во чија надлежност е детската заштита, за „Слободен печат“ велат дека секојдневно ја следат состојбата со пандемијата предизвикана од ковид – 19, за што преземаат превентивни и заштитни  мерки, кои се во согласност со препораките на Комисија за заразни болести.

Комисијата за заразни болести како стручно тело за справување со пандемијата од ковид-19 досега  нема дадено препорака за продолжување на породилното отсуство. Со самото отворање на градинките на 9 септември 2020 година и можноста децата да бидат згрижени во нив, продолжувањето на породилното отсуство стана беспредметно. Согласно информациите кои ги добиваме на неделна основа, трендот на новозаразени деца и вработени во градинките  бележи  пад. Тоа говори дека со доследно почитување на протоколите градинките се безбедно место за престој на децата, одговараат од МТСП за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.