Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“, вели кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давковка, но додава и дека нема да враќа на истиот начин.

Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно; свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство.

 

Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“.

 

Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин.

 

Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите.

Силјановска Давкова реагира на твитот на кој е прикажан нејзиниот син Павле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.