Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Агенција Европа, говорел за ризиците кои ѝ се закануваат на Македонија доколку ЕУ не додели датум за старт на преговорите следниот месец.

Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистичките сили и популистите ќе се зајакнат. Тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, вели Димитров во интервју за Агенција Европа.

Во случај Македонија да не добие зелено светло овој пат, по четиринаесет години кандидатски статус, министерот предупредува дека „нема да биде лесно за него, како министер, да се врати дома после октомври и да рече дека ќе одлучуваат идната година“.

Тој додал дека Македонија целосно ја поддржува европската интеграција на Албанија, но дека земјата не смее да биде жртва на логиката на ставање земји во пакети и потсетува дека процесот е заснован на индивидуална заслуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.