Нема цена која ќе ме натера да прифатам дека до 45-та година Македонците биле Бугари и дека македонскиот јазик бил бугарски, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

А, за што да разговараме. Отидоа таму потпишаа договор каков што мислеа дека треба да го потпишат. Им велевме да не потпишуваат таков договор, зашто само политички аматер може да ги стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската Унија. Го ставија тоа, мислејќи дека така сите ќе им донесат букет рози, а еве до каде дотеравме, денес да бидеме блокирани. И, за што да седнеме да разговараме, за да ни кажат тоа е тоа, ако сакаме Европска Унија треба да прифатиме дека до 45. сме биле Бугари, дека македонскиот јазик бил бугарски итн. Јас тоа не го прифаќам и нема цена за тоа да го прифатам. Не сакам за тоа да разговарам, истакна вчера Мицкоски во централниот дневник на „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.