СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт со лажни ветувања и манипулации на смртни случаи, рече денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, кој имаше жестока дебара со лидерот на младината на СДСМ и директор на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“

Има ли правда за Мартин Нешковски? Нема, за жал. А, освен што нема правда, за жал, нема ни мир за неговите родители, бидејќи убиецот не е позади решетките. Заев се сликаше со убиецот на Нешковски, а сега е и пребеган во друга држава и нема правда, рече Нелоски.

Нелоски потсети и дека СДСМ вети дека ќе има правда и дека ќе ги фати убијците кај Смилковски езеро.

Сега имаме ситуација да тие луѓе се на слобода. СДСМ им ветуваше и на родителите на жртвите од Смилковско и ја искористи нивната смрт за да дојде на власт, рече Нелоси.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.