Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, нема да се дозволи претседателот да се појави во регион каде што пред еден месец земјоделците го фрлаа својот род во реките и во езерата, да отиде да се фотографира, да вози мотори, да се смее најавувајќи ја реконструкцијата, изјави Владимир Нелоски по роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на 1 ТВ.

Со почетокот на реконструкцијата Зоран Заев се обидува да ја зацврсти својата позиција во СДСМ. Јас сум изненаден што како меур пукна целокупната реконструкција на Зоран Заев бидејќи ги гледаме старите кадри како Петре Шилегов, еден од најнеуспешните градоначалници на Скопје, Костадин Костадинов, апологет на Зоран Заев со најрозовите очила, Тевдовски, кој го зголеми данокот. Сè е исто само Кирацовски го нема, рече Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.