Претседателот на Градскиот комитет Владимир Нелоски на денешниот протест „Здравје, а не провизии“ пред Министерството за здравство нагласи дека министерот за здравство Венко Филипче треба да си даде оставка поради 3.600 починати и поради фактот што Министерството е станато министерство за лична провизија и богатење.

– И оваа сабота се собравме тука пред Министерството за здравство или како што Филипче би сакал да го нарече Министерството за лична провизија и богатење, да им порачаме дека е потребно оставка. Оставка, но е потребна и одговорност за 3.600 починати македонски граѓани кои што не успеаја да се изборат со ковид болеста. За жал, ние имаме влада која што освен џинџер еднаквоста важно им е и нивното одмарање па најверојатно поради тоа најблиските соработници за Заев најголемиот борец за џинџер екуалити во Македонија да земат малку одмор во тропските локации низ светот – рече Нелоски.

Во знак на протест и на огромниот број починати од корона Нелоски пред Министерството остави црна панделка.

– Денеска Скопје е празно а празно е бидејќи многу скопјани денеска не се во Скопје, туку се во Белград. Во Белград се бидејќи нашата власт повеќе ја интересираше провизијата отколку здравјето и решија своето здравје да си го сочуваат во Белград. Да си бараат сами спас за вакцина. И токму затоа денеска границата кон Србија изгледаше вака драги присутни а од заевистичкиот режим несакајќи народот да ја види ситуацијата на границата кон Србија ја исклучија камерата која што врши директен пренос од границата. Сакаат да живееме во мрак но на народот очите му се ширум отворени бидејќи му е јасно дека е оставен сам на себе – рече Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.