Судијката Добрила Кацарска, која ја досуди највисоката затворска казна од 211 години за осудените во „27 април“, негира дека во јули 2011 годинина, кога беше уапсен тогашниот лидер на опозицијата, денес премиер, Зоран Заев, за случајот „Глобал“, од позиција на претседателка на Кривичниот суд ургирала кај судијата на претходна постапка да му одреди притвор на обвинетиот Зоран Заев.

Во емисијата „Правда и неправда“ на 1 ТВ новинарката Гордана Дувњак ја праша Кацарска дали е точно дека од Турција, каде што летувала, се јавувала да ургира Заев да биде протворен.

Не е точно. Апсолутно не е точно. Како можам јас од Турција да се јавам на судија за да го стави Зоран Заев во притвор? А освен тоа, вие при поставувањето на прашањата кажавте дека важам за комуњарка, нели. И токму јас, нели, комуњарката се јавував кај судија за да го притворат господинот Зоран Заев. Мислам, нелогичности…, рече Кацарска.

Судијката Кацарска не го образложи својот одговор повикувајќи се на етички и законски принципи, туку го оправда со етикетата што ѝ ја прилепила новинарката. Па штом е комуњарка, нелогично било да му наштети на Заев. Кацарска заборави или избегна да каже дека кривично дело е претседател на суд да се јавува за ургенции, без оглед дали е „комуњар“ или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.