Морбидна, нечовечка и нехумана политичка злоупотреба на СДСМ на починати лица. Сакајќи да соберат политички поени, тие си поигруваат со чувствата на оние кои изгубиле некој близок. Тоше Проески, Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените момчиња од Смилковско Езеро… Објавени сечени разговори со кои наводно се покажуваат некакви заговори, преговори, а во суштина нема ништо.

Прва „жртва“ на СДСМ беше ликот  и делото на Тоше Проески. СДСМ објави искреирани материјали според кои, наводно, Владата на семејството на Проески ја укинала помошта, поради тоа што партиски не им биле наклонети. Се докажа дека не е точно дека има некакви промени во исплатата на помошта за семејството на Проески.

Разговор пуштен за да предизвика револт поради коментар на министер. Тврдење на опозицијата кое е далеку од вистината – никој не ја скратил помошта за семејството.

Anti-government protest in Skopje
Втора „жртва“ е Мартин Нешковски. Момчето беше убиено за време на прослава на ВМРО-ДПМНЕ по победа на избори. Убиецот е осуден на 14 години затвор од максимални 15 години колку што предвидува законот. Оној кој му дал некаква усмена наредба на своја рака повеќе не е таму каде што бил. Разговорите кои беа објавени посочија дека виновникот е изнесен пред лицето на правдата, осуден и ја одлежува затворската казна. СДСМ сега сака на сметка на убиеното момче од пред четири години и на затворен случај да ќари политички поени. Се обидува да игра на карта на емоции кај граѓаните поради нечиј речник, начин на изразување… Што ново се слушна за Мартин Нешковски?! Се покажа со нешто дека детето било намерно убиено?! Се покажа дека некој го заштитил убиецот?!

Не, но се покажа дека бомбата била навистина сечена, лепена и монтирана, па наместо 12 минути, колку што трае разговорот меѓу тогашните премиер и министер завнатрешни работи, Никола Груевски и Гордана јанкулоска, Заев на јавноста ѝ презентира само 3 минути сакајќи да створи, како што и успеа, алузија дека Јанкулоска и Груевски договараат прикривање на убиецот.

Се покажа и дека семејството на момчето било изманипулирано да ја бара правдата пред Европскиот суд за човекови права и на крајот да ја изгуби пресудата.

Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна“ е ставот на универзитетската професорка Биљана Ванковска, која ја коментира вчерашната пресуда на ЕСЧП кој смета дека за овој случај државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), коментираше тогаш професорката Билјана Ванковска.

komemoracija-nikola-mladenov-1

Трета „жртва“ е Никола Младенов. Јавна личност која некои ја сакаа, некои не. Како и за секој човек – не можеш секому да му се допаднеш. Истрага беше спроведена, се испостави дека загинал во сообраќајна несреќа. Некои веруваат во тоа, некои не. СДСМ најавуваше шокантни разговори кои ќе ја откриат причината за смрта на Младенов. Многумина помислија дека се работи за убиство, очекуваа разговори кои ќе откријат нарачка на убиство, обид да се влијае на истрагата да се заташка убиство. Но, ништо од тоа. Да се слушнаа невкусни шеги, се слушнаа лични мислења за Младенов, кои реално не се пријатни за слушање. Но тоа беше се од скандалозните најави на СДСМ. Нивните медиуми излегоа со наслови кои не ја покажаа реалната слика – повторно обидувајќи се да прикажат дека разговорите покажале дека Младенов е убие. И повторно смислената игра со емоции на луѓето.

На крајот на краиштата, сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова, јавно потврди дека вистината е таа – возел пребрзо.

Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно, рече Младенова.

Намерно ли СДСМ го остави случајот „Монструм“ за последен во низата. И овој пат си играат со чувствата и емоциите на најблиските на оние кои беа убиени кај Смилковско Езеро. Која е причината? За да предизвика кулминација на состојбата на улица.

На 7 јули требаше да продолжи суската постапка за предметот „Монструм“.

Татко на едно од убиените момчиња кај Смилковско езеро, Горан Наќевски, побара од судијата Огнен Ставрев стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, под морална и кривична одговорност, изрази желба, неповикан, на  судењето за предметот „Монструм“ да даде изјава и судијата Ставрев му дозволи.

Во изјавата, тој го обвини Заев дека откако е склучена коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни – рече Наќевски.

Тој продолжи, во име на сите родители: Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.