Денес имало конференција на која Владата застанала цврсто во битката против лажните вести. Како ќе се препознаваат истите? Лесно е, прелесно е да се препознае лажна вест. Владата може да издаде и брошура:

„Се што ќе кажат Владата и провладините медиуми не е лажна вест. Се што ќе кажат другите ќе биде лажна вест. И тој што ја кажува има вошки, и е платен, а ако не е платен, тогаш суетен е.“

Во меѓувреме, да се потсетиме на неколку нелажни вести:

„Ќе ја дознаеме вистината за Смилковско“ – дознаваме дека гатачка имала визија дека се вмешани луѓе во униформа.

„Ќе ја дознаеме вистината за Младенов“ – сопругата на покојниот новинар демантира монтиран случај.

„Ќе ја дознаеме вистината за Мартин Нешковски“ – ….

„Ќе ја дознаеме вистината за Тамара“ – ….

„Ќе ја дознаеме вистината за Кумановско“ – ….

„Ќе го продадеме мерцедесот и ќе купиме амбулантни возила“ – …

„Договорот со Бугарија нема да ја смени историјата“ – …

„Договорот со Грција го гарантира идентитетот“ – ///////////

„Добивме датум“- ….

„Пак добивме датум“ – …..

„Ќе се бориме против лажните вести“ – :))))))

#ЛекцииПоДемократијаИСлободаНаГовор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.