И Огнен Јаневски, гласниот поддржувачна политиката на СДСМ побара да се изгас светлото во државата. Новинарот, кој неодамна даде оставка од функцијата главен уредник на Телевизија реагираше на случувањата во државата. Тој во својот фејсбук статус напиша:

Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!

Правдата од достижна, стигна до скоро непостоечка! Грешни Химни, грешни знамиња на држави, никаков протокол, срамови на сите страни. Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите! Но, тоа е се’ последица на многугодишната неказнивост! Небото не е ни граница за човековата глупавост! Никој не понесува одговорност, никој никого не почитува. Секој се меша каде што не му е местото. Влада пушта соопштение за пејачка која пеела грешна Химна на приватен настан на странска амбасада, чиниш државна службеничка е. Се’ е тргнато по ѓаволите.

Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа! Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт. Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини. Но, се’ тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето. Вие мене најблиското – семејството, а јас вам најљубеното – парите и функциите. И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се’ додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.
Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не’ уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе.

Ars longa – vita brevis!

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.