Не се одржа протестот кој беше закажан за денеска наутро од страна на струмичките угостители, кои сакаа да го изразат своето незадоволство за новите рестрикции од страна на владата.

Во нивното известување стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците во Струмица, но и влезовите на градот.

Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање, велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки.

Сепак, денеска никој не се појави, и не се знае причината зошто се повлекоа и не останаа доследни на повикот за протест.

Некои во телефонски разговор за локалната телевизија „Канал Вис“ посочија дека еден по еден почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.