Некои ќе речат еве го пак го брани Венко. Јас ќе одговорам, да, го бранам од една лоша, валкана и опасна пропаганда од причина што знам како му е, вели ексминистерот за здравство Никола Тодоров во Колумна за „Дојче Веле“.

Поранешниот министер вели дека Филипче е мета на црна пропаганда бидејќи бил на некоректен начин прогласен за воен профитер бидејќи наводно тестовите што се правеле во Институтот за јавно здравје биле неколку пати поскапи од оние што се правеле во приватните болници.

Кај нас ми привлече внимание една црна пропаганда која отиде многу ниско и на еден прилично некоректен начин го прогласи министерот за здравство за воен профитер бидејќи наводно  тестовите што се правеле во Институтот за јавно здравје биле неколку пати поскапи од тие што се правеле во приватните болници. Немаше воопшто да реагирам ако тоа навистина беше така и ако причината навистина беше во цената на тестовите, а не како во конкретниот случај каде станува збор за сумата што Фондот за здравство му ја плаќа на Институтот за јавно здравје за секој направен тест. Некои ќе речат еве го овој пак го брани Венко. Јас ќе одговорам, да, го бранам од една лоша, валкана и опасна пропаганда од причина што знам како му е. Јас лично бев подложен на многу опасна, ниска и валкана пропаганда. Тоа што јас го преживеав беше веројатно најцрната пропаганда направена на било кој политичар во државава. Затоа и реагирам. Затоа што знам какво е чувството кога се бориш, се трудиш секому да помогнеш, работиш без престан, често и над 16 часа секој ден, а некој седејќи позади компјутер смислува како да те оцрни. Кај нас по партиите тоа го сметаат за успешна пи-ар активност, па има толку изверзирани црни пропагандисти што дури и Спилберг може да се засрами и да им завиди. Да разјасниме, да бидеш воен профитер е страшно злосторство, исто како да бидеш виновен за смрт на деца. Реагирам затоа што не е така, вели Тодоров.

Целата колумна можете да ја прочитате на „Дојче Веле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.