Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи накратко потсетува од каде доаѓа идејата за Мал Шенген и потенцира каква врска има со тоа посетата на Александар Сорос.

Сетете се на иницијативите на Али за Балкан Бенелукс од 2012 година за да ја разберете логиката и контекстот за Мал Шенген. Иницијативата на Али Ахмети се роди како последица на стеснетиот терен на ДУИ поради политиките на Груевски. Али сакаше да избегне од тесното ширејќи го теренот за игра, анализира Зеколи.

Според Зеколи, истата ситуација е пресликана денес за Заев и Рама, на кои „им е стеснет просторот за манипулативни маневри и очајно бараат да се прошири теренот за подобро сеење магла“.

За како и со сè друго измислено од овие двајца, на крај повторно нивните идеи да се вратат како бумеранг, коментира Зеколи.

Тој се осврнува и на тајната посета на Александар Сорос и средбите со Заев, за која дозна „Република“

Во меѓувреме, нека остане забележено дека Сорос денес ги подржува трите најкомпромитирани по корупција и неслобода премиери во регионот. И дека оној што попуваше за транспарентност, денеска слетува по аеродроми криејќи се од јавност. Памтете, пред лани се каравме дали во ЕУ ќе влеземе во 2025 или порано. Тоа беше идеа на Јункер. Пред година тврдеа дека Преспа е лек за се. Дека Катица е светица. Дека НАТО носи пари. Дека имаме датум. Затоа, не е проблем иницијативата Шенген. Проблем е како ќе се распадне, вели аналитичарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.